По самоубиството на Кика Ѓукиќ, родители од цел регион бараат да се се затвори јутјубот на Бака Прасе

Над 10.000 луѓе од Србија и регионот потпишаа петиција за забрана на емитување на Јутјуб ѕвездата Бака Прасе, откако беше приведен на распит во врска со самоубиството на инфлуенсерката Кристина Ѓукиќ (21).

„Во име на немилиот случај што се случи, ги молам сите луѓе да ја потпишат петицијата за забрана на појавувањето на Бака Прасе, бидејќи неговите видеа предизвикуваат омраза и инает“, се вели во описот на петицијата.

Тој пред два дена објави видео на својот канал на Јутјуб во кое зборуваше за односот со инфлуенсерката која трагично почина минатата недела.