По сообраќајката Дарко Лазиќ си купи скап мерцедес

Откако лани имаше тешка сообраќајна несреќа што едвај ја преживеа, пејачот Дарко Лазиќ реши повторно да вози. Тој на „Инстаграм“ се пофали дека купил нов автомобил, од марката „мерцедес“. Според српските медиуми, колата чини повеќе од 100.000 евра. Покрај сликата од ентериерот на колата, Лазиќ наместо коментар стави знакче во вид на ѓавол. Пријателите ем му честитаа за новата кола, ем му порачаа да вози внимателно.

За потсетување, Лазиќ лани во ноември имаше сообраќајна несреќа. Тој се враќаше од настап кога со автомобилот  бе-ем-ве излета од патот, а колата се преврте на кров. Возел со брзина од 150 км/час и имал 1,39 промили алкохол во крвта. При превртувањето пејачот се здоби со тешки повреди: потрес на мозокот, повредена кичма, хематом на левиот бубрег, згмечено белодробно крило, пробиена дишна марамица, скршени ребра, скршена бутна коска, скршеници на нозете, фрактура на карличната коска, а лекарите му ја извадија и слезината. За да му го спасат животот, лекарите тогаш го ставија во вештачка кома.

Scroll to Top