Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Алекса Перовиќ, чека второ дете

Пејачот Алекса Перовиќ, кој пред 3 години победи во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, наскоро ќе стане татко. Тој и неговата сопруга, Милица Перовиќ чекаат да им се роди втората ќерка, која ќе се вика Срна. Веста за бременоста на Милица, некогашниот миленик на тинејџерките, ја сподели на социјалните мрежи.

„Моите три принцези“, напиша тој покрај сликата на која е со ќерката Луна и бремената сопруга.

За потсетување, публиката го запозна 23-годишниот Алекса преку шоуто „X-фактор“. Тој се натпреваруваше истата година кога победи Даниел Кајмакоски. Тогаш Алекса беше еден од фаворитите на публиката, а ментор му беше Емина Јаховиќ.

Scroll to Top