Почина басистот на „Прљаво казалиште“

Басистот на хрватскиот бенд „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих, почина на 59-годишна возраст од рак. Тој беше еден од најбараните хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе од десет години.

„Прљаво казалиште“ неодамна беа на австралиско-американска турнеја. Веднаш по турнејата, Ворих и покрај болеста свиреше на големиот концерт во Загреб. Следниот ден по концертот тој замина на операција, но не успеа да ја победи болеста, пишуваат хрватските медиуми.

Од Ворих јавно се простија членовите на бендот.

Scroll to Top