Почина босанската пејачка Дона Арес

Дона Арес ја изгуби битката со опасната болест. Босанската пејачка Дона Арес почина на 40-годишна возраст по долгата борба со тешката болест.
Азра Колаковиќ, позната како Дона Арес, трипати ја водеше битката со ракот, се лекуваше во странство и беше подложена на разни терапии. Но, никогаш не се откажа, дури ни во последните денови. Во 2014 година имаше рак на грлото на матката, а почина во родното место Бихаќ.
 „Иако болеста кратко ме замајуваше со закрепнувањето, се однесувам како најздрава со сите недостатоци и тоа е она што ме држи“, порача Дона Арес, на која ракот ѝ се врати третпат, на почетокот на 2017 година.

Иако беше исклучително храбра и со својата упорност со години ги импресионира сите, па од сите страни добиваше безрезервна поддршка, за жал, Дона не успеа да се избори со тешката болест.

Нејзините пораки беа оптимистични, но, за жал, болеста не ги избира годините.

Песната „Тоа не ми требаше“ беше еден од најголемите хитови на покојната пејачка.

Дона Арес е родена на 1 јануари 1977 година во Бихаќ, а почина на 2 октомври во родното место.

 

Scroll to Top