Почина Дара Чалениќ, познатата актерка од „Жикина династија“

Актерката Дара Чалениќ почина синоќа на 87-годишна возраст. Таа почина по долгата и тешка битка со болеста. Погребот ќе се изврши во кругот на семејството во Нови Сад.

Чалениќ е позната по улогата на Дара од „Жикина династија“. Има одиграно повеќе од 40 улоги, а учествувала и на многу драмски емисии, разни серии, забавна и детска програма.

Чалениќ играла во многу филмови, меѓу кои и во „Госпоѓа министерка“, а добитничка е на многу театарски и филмски награди.

Од 1970 година живеела во Њујорк и Бостон, каде што играла во драмата на Ингмар Бергман „Персона“, во режија на нејзиниот сопруг Влада Петриќ, угледен професор по филм на Харвард.

Scroll to Top