Почина Добривоје Топаловиќ, легендата на српската народна музика

Утринава во 76-та година од животот почина легендата на српската народна музика, пејачот Добривоје Топаловиќ. Веста за неговата смрт ја објави пејачката Снежана Ѓуришиќ и откри дека тој веќе неколку години имал рак.

Топаловиќ е роден во Чачак, каде што и почнал да пее, во едно културно-уметничко друштво. Првата плоча „Кад би знала колико те желим“ ја снимил 1968 година. За време на долгата кариера снимил 26 сингл-плочи и 16 студиски албуми. Пресвртница во неговата кариера била песната „Еј, да ми је“ од 1981 година.

Добитник е на многу награди меѓу кои за животно дело на фестивалот Моравски бисери во 2014 година, плакета Златна лира, Награда за животно дело од Сојузот на естрадно-музички уметници на Србија…

Scroll to Top