Почина мајката на Андрија Милошевиќ

Мајката на српскиот актер Андрија Милошевиќ, Вера, починала на 64 годишна возраст во Подгорица. Таа денеска ќе биде погребана на градските гробишта во Чепурци.

Актерот по нејзината смрт сè повлекол од јавноста, а сè нема огласено ниту на социјалните мрежи. Андрија претходно изјавил дека никогаш не криел колку бил врзан за мајка му ѝ колку му значела нејзината поддршка.

Поради природата на неговата работа, двајцата немале време често да бидат заедно и да се гледаат, но Андрија во едно од своите интервјуа изјавил дека таа секогаш била горда на него и ги чувала сите негови интервјуа.

„Таа ги чува сите интервјуа. Нешто во фиока, а најмногу во душата. Таа беше вистински борец и имаме сјаен однос иако веќе две децении го гледа синот повеќе на телевизија отколку дома“, изјави Андрија во едно свое интервју.

 

Scroll to Top