Почина Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб кој 21 година загребчани не го менуваа

На 66-годишна возраст, почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, јавуваат хрватските медиуми. На Бандиќ му се слошило доцна синоќа и со Брза помош бил превезен во болница.

Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Бандиќ во моментите кога му се слошило бил на вечера со негов пријател лекар, кој вели дека додека ја чекале итната помош, тој се обидел да го реанимира.

Медиумите во Хрватска ја објавија и неговата изјава од поседниот ден во минатата година, кога во едно гостување во емисија, изјавил дека ќе умре како градоначалник. Водителката му ветила дека во тој случај ќе ја пушти репризата од емисијата на денот кога тоа ќе се случи.

Бандиќ беше омилен лик во хрватската јавност. Соседите во негова чест, пред влезот на зградата, оставиле свеќник.

Од Градот Загреб соопштија дека починал како последници на срцев удар.

„Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки. Тие секогаш му беа на прво место. Работеше со љубов и многу енергија. Целосно се даваше себеси и се внесуваше во работата 21 година. За деталите, за терминот на погребот, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир“, соопштија од Град Загреб.

Колку за потсетување градот Загреб беше прогласен за најубава и најукрасена метропола во Европа.

Тој во 2003 година доживеал и тежок мозочен удар. Пред три години му бил вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.

Тој зад себе ги остави сопругата Весна и ќерката Анамарија.

 

Scroll to Top