Почина Мирослав (Ќиро) Блажевиќ, тренерот над сите тренери

По долгата и тешка борба со ракот на 88 години почина легендарниот хрватски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година и двапати ја победи.

„Тренерот на сите тренери“, како го нарекуваа во регионот на поранешна Југославија, е роден во Травник, и автор е на еден од најголемите успеси на хрватскиот фудбал и спорт воопшто. Освоит бронзен медал на Мундијалот во 1998 година во Франција.

Фудбал играше до 31 година, а ги носеше дресовите на Динамо Загреб, Локомотива, Сараево, Риека и на Сион. Потоа стана тренер на швајцарскиот клуб Мутие. Во Швајцарија ги водеше Вевеј и Сион пред да ја преземе швајцарската репрезентација во 1979 година.

Неговиот подем започна во 1979 година, кога дојде во Ријека, со која стигна до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите, каде што беше елиминиран од Јувентус.

Како тренер се прослави со титулата што му ја донесе на Динамо Загреб, по 24 години чекање, во сезоната 1981/82, четврта. Подоцна ќе се покаже како последна титула на шампионот на Југославија.

Следната сезона го освои и пехарот „Маршал Тито“ во Купот на Југославија а подоцна во хрватското првенство освои уште две титули во 1993 и 2003 година.

Во сезоната 1983/84 го водеше тимот Грасхоперс со кој триумфираше во Швајцарија, а во неговите успеси може да се вбројат и задржувањето на Приштина во елитниот фудбалски ранг на СФРЈ и внесувањето на Слобода Тузла во Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Scroll to Top