Почина Никица Дураковиќ, тапанарот на култната рок-група „Атомско склониште“

Поранешниот тапанар на култната рок-група „Атомското склниште“, Никица Дураковиќ, ненадејно почина на 56 години. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на бендот Double Dose Blues во која свиреше последниве години.

Музичарот, исто така, свиреше во групите „Стабилизација“, „Гори Уши Винету“ со кого го сними легендарниот албум „Адио Пола“, а беше коосновач на блуз-бендот Double Dose Blues Banda.

Тој исто така го сними последниот албум „Тера мистика“ со „Атомско склониште“. Членовите на бендот со кој настапуваше, исто така, се збогуваа со музичарот.

„Драги пријатели, по повеќе од 20 години дружење и свирење заедно, тапанарот Никица Дураковиќ – Ник нè напушти“, напишаа на „Фејсбук“.

Scroll to Top