Почина пејачката на „Дисциплина кичме“

Пејачката на познатиот српски рок бенд „Дисциплина кичме“, Маринка Ѓорѓевиќ Мања, почина вчера на 51 година. Веста за нејзината смрт ја објави групата на својата официјална фејсбук-страница.

„Нè напушти нашата најубава Мања! Маринка Ѓорѓевиќ“ стои во објавата на бендот.

Ѓорѓевиќ беше член на групата десетина години. Таа заедно со нив сними три албуми.

 

Scroll to Top