Почина поранешниот клавијатурист на бендот на Здравко Чолиќ, Александар Бањац

Познатиот композитор и клавијатурист, Александар Бањац, почина на 45 годишна возраст, пренесуваат медиумите. Тој беше член на „Оркестарот на млади на Војводина“, како и на „Биг бендот на РТВ Нови Сад“. Соработувал со Мајкл Керстингом од германија и со блуз гитаристот од Унгарија Ласло Атила.

Како студиски музичар, клавијатурист/аранжер, свирел на преку 40 албуми на по музика на Гоца Тржан, Ксенија, Елвис Куртовиќ и други.

Нашата публика го знае по концертите на Здравко Чолиќ кому му се придружи во 2007. година, на третиот концерт во белградска „Маракана“. Од другите соработки се издвојуваат оние со Дино Дворник, Владо Георгиев, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ.

 

 

Scroll to Top