Подигнато обвинение против арамијата кој насилно влезе во вилата на Саша Поповиќ

By

Третото основно обвинителство во Белград вчера подигна обвинение против Војислав Стојичиќ, синот на убиениот полициски генерал Радован Стојичиќ Баџа, за грабеж во вилата на Саша Поповиќ.

Обвинителството го товари Војислав дека на 8 март 2018 година насилно влегол во вилата на првиот човек на „Гранд продукција“ и украл часовници и накит во вредност од 142.000 евра.

Обвинителството на судот му предложил на Стојичиќ, кој се товари за кривично дело „тежок грабеж“, да биде осуден на казна од 4,5 години затвор.

Стојичиќ е уапсен на 16 август и од тогаш се наоѓа во притвор поради опасност дека во краток рок би можела да го повтори кривичното дело, со оглед на фактот дека и претходно бил осудуван.

Инаку, Војислав на сослушувањето го негирал грабежот велејќи на обвинителството дека целата работа му ја наместила полицијата, поради неговиот татко. Војислав тврдел дека доказите му се подметнати.

 

 

Ќе ви се допадне