Полицијата распиша потерница по српската водителка Татјана Војтеховски

Основното обвинителство во Белград распиша потерница против водителката Татјана Војтеховски, оти седум пати не се појавила на распит во судот. Судот веќе неколку години води кривична постапка против водителката и уште неколку лица под сомнение дека сториле кривично дело повреда на тајноста на податоците на приватни лица, објавени во емисијата „Животна приказна“ емитувана на ТВ Прва на 20 октомври 2016 година.

Според обвинителството, Војтеховски е запозната со кривичната постапка што се води против неа, бидејќи таа дала изјава во форма на службена белешка во полициската станица Земун на 24 ноември 2016 година. Тогаш Војтеховски изјавила дека ѝ треба време за повторно да ја гледа емисијата и да се изјасни писмено од редакцијата.

Водителката добила седум покани да се појави на распит, но бидејќи ниеднаш не дошла во судот, таа на следниот закажан распит ќе биде спроведена со полиција, пишуваат српските медиуми.

„Бидејќи осомничената ни на 2 септември не се појави, на полицијата ѝ е наредено да трага по тоа лице, имајќи предвид дека таа избегнува да одговори на поканата на обвинителството, што доведува до одложување на постапката и застарување за понатамошна кривична постапка“, велат од обвинителството.

Scroll to Top