Поради бившиот Северина го промени текстот на нејзината песна „Мили мој“

Хрватската пејачка Северина преку стихови од песна им испратила порака до бившиот. Таа неодамна на настап ги променила стиховите од песната „Мили мој“, пишуваат српските медиуми.

„Мили мој, како не сфати претходно, кога ми ги испрати тие огромни тужби на моја адреса. А ти како машка глупача, за нив прекрасно патеше“, пее Северина.

Додека оригиналната верзија на текстот е „Мили мој, како порано не сфатив кој ми ги напиша тие тајни шифри на патот, а јас како будала страдав за другите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)

Главна вест во српските медиуми неодамна беше пријателството помеѓу бившите на пејачката, Милан Поповиќ и Игор Којиќ. Таа никогаш во медиумите не ја коментираше нивната врска. Во едно интервју пејачката била замолена да искоментира нивна заедничка фотографија од одмор, на што Сверина изјавила: Мене прва асоцијација ми беше песната „Прегрнати“ на Фрањо Ласиќ. Мислев, Боже, нивната средба е нереална, исто како во стихот: Се гушкавме, тоа се случи наеднаш. Погледнете колку се неочекувани Божјите патишта.

Пејачката изминатиов период е на патување во Италија заедно со синот, Александар. Нејзините последни објави на Инстаграм се од Рим, каде Северина ги посетила познатите знаменитости во овој град.

Scroll to Top