Поради Јелена, Савичевиќ не дојде на свадбата на ќерка му

By

Поранешниот легендарен југословенски фудбалер и сегашен претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, не присуствуваше на венчавката на неговата ќерка Тамара, поради неговата девојка Јелена Бабиќ.

Тамара која минатиот викенд се омажи за фудбалерот Александар Каписода не е во најдобри односи со Јелена и таа ѝ забранила да се појави на венчавката, пишуваат српските медиуми.

Савичевиќ застанал на страната на својата партнерка и одлучил и тој да не присуствува на венчавката на ќерка му. Поранешниот фудбалер со Јелена се во врска од пред неколку години.

Дејан Савичевиќ не се појавил на венчавката на ќерка му

Ќе ви се допадне