Поштенски марки со великаните на српското глумиште

На 27 март, Светскиот ден на театарот, во „Ателје 212“ во Белград, Здружението на драмски уметници на Србија ќе ја претстави поштенската марка по повод одбележувањето 100 години од нивното постоење, но и марки од новата серија „Великани на српското глумиште“. На поштенските марки ќе се најдат ликовите на Велимир Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Мира Ступица, Слободан Алигрудиќ, Предраг Лаковиќ, Соња Савиќ, Милорад Мандиќ и Небојша Глоговац.

Во соработка со јавното претпријатие „Пошта Србија“, Здружението на драмски уметници на Србија и претходно објави серија од неколку поштенски марки со ликови од починати глумци.

Scroll to Top