По 14 години, Северина првпат проговори за порноклипот на јахтата

Хрватската поп-ѕвезда Северина имаше концерт во Сплит. Во таа пригода истакна дека поддршката е важна во многу ситуации, како што било и за неа во 2004 година кога излезе секс-видеото на јахтата.

„Поддршката е важна, јас тоа го знам од својот живот. Имено, имаше лоши ситуации и не сакам да зборувам за нив. Но, имаше и духовити моменти за најлошото во животот на една жена. Се појави тој филм, а јас уште сум уверена дека тоа никој никогаш не го гледал“, вели Северина.

 

Кога се нашла во таква ситуација, следувала и неочекувана порака од еден нејзин колега.

„Во таа ситуација луѓето ќе ви дадат поддршка, добив илјадници пораки, но една ми остана во сеќавање. Ме побара Арсен Дедиќ и ми кажа: „Колешке, јас слушнав дека имате некој филм, но немате музика, па да се препорачам“, се пошегувала Северина.

Scroll to Top