Посвоената ќерка на Дивац сака да ги запознае биолошките родители

Српскиот кошаркар Владе Дивац никогаш не криел дека покрај своите две биолошки деца, Лука и Матија, ја има и посвоената ќерка Петра, која ја обожава. 19-годишната Петра со години пишува блог и објавува семејни слики и секогаш вели дека е благодарна што ја посвоиле најпрекрасните луѓе на цел свет. Но, неодамна таа откри дека сака да ги запознае биолошките родители, иако тоа не мора да е веднаш.

„Луѓето често ме прашуваат како е да имаш две мајки и двајца татковци. Немам по двајца родители. Ги имам само мајка ми и татко ми. Луѓето што ме одгледаа и што направија да бидам независна, интелигентна и силна девојка. Потоа, имам и биолошка мајка, жената што ме родила и на која ќе ѝ бидам вечно благодарна што сум денес опкружена со вистинските луѓе. Не знам ништо за жената што ме родила, а ни за мојот биолошки татко, не сум во контакт со нив. Би сакала да ги запознам еден ден, но не ми се брза. Често размислувам за тоа дали личам на некој од нив и дали имам некоја нивна особина“, напиша Петра во својот блог.

Дивац и сопругата Снежана, која е по потекло Македонка, ја посвоиле Петра кога била 6-месечно бебе.

Scroll to Top