Предновогодишен концерт на Аца Лукас во Скопје

Српската музичка ѕвезда Аца Лукас ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје. Концертиот ќе се одржи  на 23 декември во арената „Борис Трајковски“.

„Музиката не познава граници, јас сум тука да ги забавувам луѓето.  Посебно сум врзан за македонската публика  и секогаш сум тука за нив. Моја задача е луѓето да заборават на секојдневните грижи и ветувам одлична, одлична забава со сите мои стари хитови и песните од новиот албум”, изјави фолк-ѕвездата во најавата за концертот во Скопје. Аца Лукас најавува повеќечасовен концерт на кој заедно со својот бенд во живо ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Билетите се пуштени во продажба денеска по промотивна цена од 300 денари до 15 ноември. Ги има во Купи карти за сè низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон, цвеќарница „Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Scroll to Top