Прекинат концертот на Драгана Мирковиќ: Обезбедувањето итно реагирало поради тепачка, настанал хаос во публиката

Пејачката Драгана Мирковиќ  имаше концерт во Германија, но нејзиниот настап беше прекинат поради инцидент кој се случи во публиката.

На концертот, наводно, ненадејно настанала тепачка во публиката, поради што обезбедувањето веднаш реагирало, а Драгана Мирковиќ на кратко престанала да пее, јавуваат локалните медиуми.

„Сите го чекаа настапот на Драгана, а потоа во еден момент дојде до недоразбирање, нечиј проблем. Момци кои биле  до бината се скарале и настанала тепачка. Обезбедувањето мораше итно да реагира, а ги смири господата кои правеа проблем. Набргу потоа Драгана продолжи да ги пее своите хитови, а публиката танцуваше со неа до крајот на настапот“, тврди извор кој присуствувал на концертот на пејачката.

Драгана Мирковиќ минатиот месец објави дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ по 24 години брак.

Scroll to Top