Жељко Јоксимовиќ синоќа во белградската арена Сава, го одржа вториот по ред концерт, под името „Два света“.
Поп пејачот повторно до последното место ја наполни салата, а покрај бројните познати имиња во првиот ред и како најважен гостин беше неговата сопруга, Јована Јоксимовиќ со синот Коста.
Видно расположен, Жељко со новинарските екипи пред излегувањето на сцена со Коста се распеа пред концертот, а откри и дека неговиот наследник, најмногу ги сака песните „Милиметар“, „Ѕвер“, всушност се што е со брз ритам.
Штом сите удобно се сместија и штом Жељко го запеа хитот на Тома Здравковиќ, „Два света сме различни“, малиот Коста почна да пее на глас со татко му и да го довикува.
Поради тоа што викал со целата сила, Јована почна да се смее.
А потоа се обиде да го стиши така што му ја покри устата со раката.
Видеото погледнете го на следниот линк: