Пресврт во истрагата за убиениот адвокат во Србија: По грешка му пукале четири пати во главата

26-годишниот адвокат Немања Стојановиќ од Јагодина вчера пред влезот од зградата каде што живее беше убиен на суров начин со четири куршуми во главата. Полициската истрага открива дека е можно вистинската цел да било друго момче кое има ист автомобил како адвокатот, па тој бил всушност убиен по грешка бидејќи се нашол на погрешно место во погрешно време.

Ликвидацијата се случила во 3 часот наутро, а кога адвокатот си влегувал дома, бил пречекан од напаѓачите кои испукале четири куршуми и побегнале.

Соседите ја слушнале вревата, го виделе Немања мртов и крвав, па викнале брза помош и полиција. Пријателите, соседите и колегите велат дека момчето немало проблеми и за него имале само пофални зборови. Две години бил приправник кај татка си, кој е исто така познат адвокат. Секогаш бил насмеан, спремен да помогне, културен, вреден. Не знаат како е можно некој да го убие.

Истрагата ќе ги открие сите детали.

Scroll to Top