Пријатели на Душан ја следат Тања Савиќ, бившиот на пејачката пак сака да ѝ ги земе децата

Пријатели на се уште законскиот сопруг на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ, ја следат пејачката и нејзиниот нов дечко, градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, пренесуваат српските медиуми. Тие пренесуваат дека Душан сака повторно да ѝ ги земе синовите.

Тој повикал двајца пријатели од Смедерево и Белград за да ја следат и да ја фотографираат. Тој ја чека таа да направи погрешен чекор, за да може повторно да си ги врати синовите. Извор близок до него вели дека врската на Тања со Драшко силно го погодила.

„Тој е гневен штаа е конечно среќна и што нашла успешен маж, па сега на сите начини се обидува да ја саботира во врската и да ја оцрни во јавноста. Побара од пријателите да ја снимаат и да му ги испратат сликите. Најмногу сака да ја фати во некоја компромитирачка ситуација. Тој ѝ испрати и пораки, но, не знам дали Тања го има одблокирано. Многу е бесен, особено што е надвор од Србија, па не може да се справи со ситуацијата“, рече изворот.

Според него и родителите на Тања доживуваат вистинска драма поради бившиот на пејачката.

Scroll to Top