Пријовиќ и Филип разменуваат бакнежи и прегратки на јавна сцена

Соседите на српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ велат дека двојката постојано е заедно и не се двојат еден од друг.

dobivaj vesti na viber

Велат дека каде и да се појават постојано се прегрнати и си разменуваат бакнежи. Александра Пријовиќ во моментов се наоѓа во петтиот месец од бременота, а нејзините соседи во местото Вождовци, каде што живее со нејзиниот сопруг, постојано ја забележуваат со преполни кеси намирници како пазарува во дуќаните.

Пејачката неодамна објави дека по советот што го добила од лекарите, ќе се повлече од сцената и ќе мирува. Пријовиќ веќе четири години живее во стан од 100 квадрати во мирниот дел Вождовци. Пред две години, на оваа адреса ѝ се придружи и Филип Живоиновиќ, со кого летово стапи во брак. Двојката чека бебе, а соседите со нетрпение чекаат да стигне пролетта, кога пејачката треба да се породи.

„Ја сретнав Александра и ја прашав кога ќе се породи. Таа се насмевна и ми рече дека сега е во петтиот месец од бременоста и дека породувањето треба да се случи кога ќе огрее сонце, по зимата. Ми рече дека сè е во ред и дека супер се чувствува. Таа е истата онаа која беше пред да се досели тука, а сега има причина да биде вообразена. Многу е млада. Со само 23 години постигна нешто што некој не постигнува за цел живот. Ценета е, сакана е, популарна е и богата. На секого може да му се јави и да му подари внимание. Не е вообразена, носи полна кеса намирници сама“, вели продавачката Слаѓана и додава дека Александра и Филип постојано се прегрнати и се бакнуваат.

„Таа постојано го прашува ‘Љубов моја, го сакаш ли ова, она, ајде земи, ти го сакаш тоа’, а таа сака да јаде некоја виршла. Сама пече дома и често готви“, открива Слаѓана.

Во зградата има пералница која Пријовиќ постојано ја посетува.

„Мислам дека Александра и Филип многу малку работи перат и пеглаат сами. Тие постојано се во пералницата и ги чекаат мирисливите свежо исперени работи. Не се напорни ниту, пак, бараат многу услови. Ништо не им пречи. Сега веќе имаме изградено пријателски односи. Ќе ме замолат ако нешто треба итно да се испере или да испеглам некои работи. За Нова година носи и по 20 фустани во кои настапувала. Во последно време е многу галантна и ни дава супер бакшиш“, открива Рада, жената која работи како козметичарка во зградата.

Брена не ги посетува

Од семејството не сме ја виделе само Брена, но Зорица, мајката на Филип, доаѓа кај нас и ги средува ноктите. Мајката на Александра ја гледаме во минување. Таа е згодна млада жена. Што се однесува до Филип и Александра, и двајцата се убаво воспитани и културни луѓе“, вели Рада.

Филип Живоиновиќ и Александра Пријовиќ се венчаа пред 900 поканети гости, за чија организација беше задолжен Слободан Живоиновиќ. Венчавката чинеше 400 000 евра.

 

 

 

Scroll to Top