На српската пејачка Александра Пријовиќ за време на вториот концерт на Лепа Брена кој беше одржан во салата „Арена“, непознат просјак и побара малку пари за да може да се прехрани.
Пејачката која беше во друштво на нејзиниот свекор Боба Живоиновиќ, сопругот Филип Живоиновиќ и нејзините мајка, баба, дедо и татко го украде вниманието откако на непознатиот човек му подари 4000 динари, односно повеќе од 30 евра.
Ова е втор пат како пејачката се наоѓа во хумана акција. Претходно на првиот концерт на Брена, Пријовиќ притрчала да ѝ помогне на девојка што се онесвестила. На девојката што стоела близу бината ѝ се слошило, па откако пејачката видела дека другарките пробиваат да ја освестат, притрчала и ѝ однела вода да се освежи.