Приведен човекот кој со месеци ја прогонувал Анастасија

By

Полицијата го приведе прогонителот кој со месеци ја следел Анастасија, ќерката на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ. Пријател близок до семејството вели дека младата пејачката со месеци доживувала вистински пекол.

„Анастасија свати дека е прогонувана од лице кое било опседнато со неа, со нејзините движења и со сè што таа работи. И беше непријатно целото ова време. Таа беше подложна на различен вид на вознемирувања, а вознемирено беше и целото семејство“, вели извор упатен во приказната и додава дека пејачката сега може да се врати на нормалниот живот.

„На основа на она што Анастасија го изјави кога ја поднесе пријавата, полицијата почна да работи на случајот и го уапси лицето. Обвинителот го сослуша, а лекарски тим му одреди дијагноза. Беше утврдено дека станува збор за психичка лабилна линост и дека не бил во целост свесен за своите постапки. Работата и секојдневните активности на Анастасија му станале опсесија, а поради тоа што не бил подложен на лекарски третман, неговото однесување се влошувало. Тој по апсењето бил подложен на детални прегледи и бил испратен на лечење во психијатриска клиника, каде во наредниот период ќе му биде укажана помош. Сепак кај ваквите случаи, лечењето е долготрајно и никој не може да гарантира дека нема да се однесува исто, во моментот кога ќе излезе од болница“, вели изворот близок до семејството Ражнатовиќ.

Ќе ви се допадне

Bleach (Dub) (https://animefreak.ws/m/Jlx5) Episode 366 at AnimeFreak kiss anime freak

Banana Fish Episode 24 at Crunchyroll crunchyroll premium account reddit 2020