Приведен Саша Ковачевиќ

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, имаше проблем на пат за Доминиканска Република, кеде со брат му Раде и цела екипа отидоа да снимаат четири спота. На аеродромот во Њујорк го привела полиција. Го тргнале од редовниот лет и го однеле во посебна просторија, каде го задржале неколку саати, тамам да му пропадне летот за Доминиканска Република, пренесоа српските медиуми.

„Не му беше сеедно. Ги праша зошто го приведуваат, а тие му рекоа дека тоа е заради рутинска контрола и мерки на претпезливост. Подоцна полицијата му ги врати докумнтите, и му кажаа дека се е во ред и дека може да го продолжи патувњето“, пишуваат медиумите.

Пејачот бил нервозен, затоа што му пропаднал едниот лет, и сега мора да ги дуплира трошоците, заради доцнењето со летот во Доминиканска Република, каде треба да снима спотови.

Scroll to Top