Проблеми во бракот на Тања Савиќ

Српската пејачка Тања Савиќ открила дека се нашла во непријатна ситуација со сопругот Душан Јованчевиќ. Таа вели дека за време на нејзиното последно снимање во студио имала бурна расправија со нејзиниот партнер.

„Денес толку се изнавикавме еден на друг, што не ми беше добро кога влегов во студиото. Не беше за ништо конкретно, но тоа е просто нормално кога долго време сте во брак“, изјавила Тања во емисијата „Премиер“.

Тања вели дека како и по секоја друга кавга, така и оваа ќе го извлече поука за во иднина. Нејзиниот сопруг Душко досега и има подарено неколку песни на пејачаката, која најави дека е во фаза на изработка на нов албум.

Scroll to Top