За куќата во која е снимено телевизиското шоу „Големиот брат“ со години наназат се вели дека е проколната и дека во секоја сезона некој од нејзините учесници доживеале лични или семејни трагедии .
Иако велат дека ова нема врска со реалноста и е суеверие, спрските медиуми анализираа и објавија што се досега им се случило на повеќето учесници и какви несреќи доживеале. Психолозите тврдат дека оние што избираат да учествуваат во емисии како оваа, веќе имаат нарушено ментално здравје, па се склони кон агресивно однесување, а живеењето во изолација само ја влошува нивната состојба.
Антал Скенџиќ – ја убил мајка си, а потоа виновна беше и баба му
Уште во ноември 2007 година, кога Антал, инаку учесник во првата сезона на Големиот брат, ја убил својата мајка Розалија, приказните за проклетство тргнале. Убиствата, самоубиствата и другите катастрофи не престанаа до ден-денес. Кога излегол од затвор, Скенџиќ направил нов инцидент влегувајќи во куќата на бабата му, на која и се заканил дека ќе ја убие доколку не му ги препише својата куќа и имотот.
На Бора Дрљача му почина сопругата
Веднаш по напуштањето на „ВИП Големиот брат 4“ во 2010 година, Бора Дрљача дознал дека неговата сопруга Рада боледува од карцином на дојка. Таа не сакаше да прифати конвенционален третман, операција и терапии, па испроба алтернативен метод за да ја победи злобната болест. Но, таа почина во декември 2018 година. Нему му се случи емејна трагедија.
Филип Каписода уби девојката Ксенија Пајчин, па се самоуби
Трагедијата во која ги загубија животите Филип Каписода и неговата девојка, пејачката Ксенија Пајчин е само една во низата ужасни трагедии зардаи проколнатата куќа на „Големиот брат“ во белградскиот Кошутњак. Прво, љубовната двојка доживеа сообраќајна несреќа во селото Лисовиќ, на пат кон викендицата на Ксенија, за која многумина сметаа дека е начин Филип да ја убие уште тогаш. Два месеци подоцна, на 16 март 2010 година, Филип пукаше во Ксенија и потоа се самоуби. Каписода беше учесник во третата сезона на „ВИП Големиот брат“ во 2009 година, кога заврши на третото место.
На Марина Туцаковиќ и почина синот па ја напушти „Операција Триумф“ која се снимаше во куќата на „Големиот брат“
И за време на емитувањето на првата и единствена сезона на познатото музичко шоу „Операцијата Триумф“, која беше снимена во истата куќа на „Големиот брат“, имаше дури три смртни случаи. Прво, дедото на Даниел Павловиќ, потоа Ѓорѓе Гогов кој исто го загуби дедото. Еден месец подоцна, на членот на жирито Марина Туцаковиќ ненадејно и почина синот Милош Радуловиќ на само 24 години, што беше причина таа да го напушти проектот. Години подоцна Марина доби канцер, со кој се’ уште се бори
Учесничката на истиот натпревар, тогаш 20-годишната Милица Мајсторовиќ, се обиде да се самоубие, наводно заради товарот на популарноста во тоа време, несреќната љубов и депресијата што ја следеа. Аднан Бабајиќ, победник на шоуто „Операција триумф“, имаше сообраќајна несреќа, а неговата мајка почина два дена пред неговата свадба.
Милиќ Вукашиновиќ – ќерка му се самоуби
Милиќ Вукашиновиќ учествуваше во втората и третата сезона. Минатиот јули, неговата ќерка, Маја Авдибеговиќ, наводно извршила самоубиство во сараевската населба Језеро. Обдукција покажа дека се задушила откако земала поголема доза на лекови. Патем, Маја со години се бореше со зависноста од дрога, за која нејзиниот татко зборуваше јавно.
Дивна Карлеуша – почина од канцер
Водителката на Радио Белград и мајка на Јелена Карлеуша беше учесник во четвртата сезона на „ВИП Големиот брат“ во 2010 година. После тоа, таа учествуваше и во реалното шоу „Парови“, кое го напушти бидејќи не се чувствуваше добро. Анализите во 2016 година покажаа дека Дивна боледува од карцином на белите дробови, по што веднаш започнала со третман. После три години борба, таа почина во март 2019 година.
Елмир Кудузовиќ, Стеван Зечевиќ Зека и Зорица Лазиќ – загинаа откако автомобилот им слета во река
„Големиот брат“, кој беше сниман во 2007 година, беше прекинат со одлука на продукцијата, поради смртта на тројца учесници кои порано го напуштија шоуто. Елмир Кудузовиќ, Стеван Зечевиќ Зека и Зорица Лазиќ сите имаа сообраќајна несреќа кога автомобил во кој се движеле со брзина од 150 километри на час па го промашил мостот, слетал од патот и завршил во река. Тројца од четворицата натпреварувачи починале на лице место, додека Владимир Шариќ преживеал само затоа што излетал од автомобилот. Веста за нивната смрт на 29 декември наутро ја шокираше и ја растажи цела Србија, како и регионот.
Далибор Андонов Гру – загина возејќи кајт
Последен меѓу жртвите е Далибор Андонов Гру, кој почина во септември годинава додека возеше кајт на Дунав. Раперот учествуваше во „ВИП Големиот брат“ во 2009 година и таму помина 29 дена и го освои второто место. Тој подоцна одби да учествува во реалните програми.