Прва средба на Беквалац со сопругот кој ја истепа  

Денеска почна судењето на Лука Лазукиќ, по повод обвинувањата дека извршил семејно насилство, кога ` нанел телесни повреди на Наташа Беквалац.

Лазукиќ се товари дека на пејачката ` нанаел лесни телесни повреди ноќта меѓу 12 и 13 април. Судењето ќе биде отворено за јавност.

Наташа во судот стигнала еден час порано за да се сретне со својот адвокат, додека Лазукиќ во друштво со своите правни застапници дошол 10 минути пред почетокот на судењето.

Лазукиќ не сакал да одговори на прашањата од новинарите.

Сослушувањето почнало некоја минута по 11 часот, а по средбата очи во очи, Наташа веднаш ја напуштила судницата бидејќи поради забраната за приближување која Лазукиќ ја има таа не е обврзана да присуствува на неговиот исказ.

Scroll to Top