Првиот сопруг со црвена роза дојде на погребот на Милена Дравиќ

Режисерот и сценарист Пуриша Ѓорѓевиќ, првиот сопруг на глумицата Милена Дравиќ, со црвена роза дојде на погребот на српската дива и ја положи на нејзиниот гроб по закопот. Милена вчера беше погребана на Новите гробишта во Белград, во алејата на заслужните граѓани, веднаш до нејзиниот сопруг, глумецот Драган Николиќ.

Пуриша Ѓорѓевиќ, првиот маж на Милена Дравиќ

Ѓорѓевиќ беше првиот сопруг на Милена Дравиќ. Тие се венчаа во 1960 година, а се разведоа по неколку години. Многу години подоцна, во едно интервју, Ѓорѓевиќ призна дека од сите жени најмногу ја сакал Дравиќ.

„Од сите жени што ги познавав и сакав, единствено и сè уште ја сакам Милена Дравиќ“, рекол тогаш режисерот.

 

Scroll to Top