Публиката му оддаде почест на Небојша Глоговац на премиерата на „Јужен ветер“

Синоќа беше одржана премирата на филмот „Јужен ветер“, во кој играше легендарниот актер Небојша Глоговац. Пред започнувањето на премиерата публиката посвети минута внимание на починатиот великан.

Во прашање е последниот филм на покојниот актер, а пред прикажувањето на ова остварување, на големото платно беше прикажана слика од Небојша, направена од филмот „Јужен ветер“ заедно со говор:

„Луѓе како тебе никогаш не умираат. Само одат на место од каде нас вечно не гледаат. Оваа премиера ти ја подаруваме на тебе. Фала ти“.

Веднаш потоа следеше гламурозен аплауз од публиката со цел да му оддадат почест на Глоговац. Дел од присутните не издржаа, а да не заплачат по загубата на Небојша.

 

Scroll to Top