По најновите дезинформации, од синоќа, дека Ана Николиќ се породи, пејачката се огласи на својот налог на Инстаграм, со фотограгфија и порака.
„За мене пишуваа се и сешто, еве повеќе од деценија… Лажеа, измислуваа… Не им замерувам, затоа што едноставно не сум баш некој соработник… Но да се игра вака на чувствителни теми… малку е дегутантно! Очекуваме породување овие денови сите сме нестрпливи! Ве молам за малку приватност и почит!“, напиша Ана, очигледно изнервирана поради се поголемиот број дезинформации кои се однесуваат на нејзиното породување.
Пејачката со пораката ја објави и оваа фотка…

Да потсетиме, првата дезинформација се појави пред неколку дена, кога наводно Раста ја донел во болница за да се породи, а во прашање биле само редовни контроли.
Најновата информација кружеше синоќа, а како што и претходно пишувавме, наводниот термин за нејзиното породување е 15 август.
