Рада Манојловиќ ги отстрани брчките на челото

Српската пејачка Рада Манојловиќ признала дека посетила пластичен хирург кој ѝ ги отстранил брчките на челото. Рада вели дека нејзиното постојано смеење предизвикало да се појават брчки на нејзиното чело.

„Целиот живот се смеам ѝ од тоа ми се создадоа брчки“, изјавила Рада, која објаснила зошто уште на млади години морала да направи операционен хируршки зафат.

„Во мојот случај станува збор за мал дел во пределот на челото. Но, ги оставив вегите за да можам да се смеам“, изјавила Рада за српските медиуми.

Рада вели дека не планира да ги зголемува градите. Пејачката вели дека долго време размислувала на оваа тема, но на крајот се одлучила да не превзема ништо.

„Заклучив дека сите оние кои ги зголемуваат градите и ги објавуваат фотографиите на социјалните мрежи се досадни, па оддлучив дека не сакам да се ставам на дополнителен ризик“, вели Рада.

 

Scroll to Top