Рада Манојловиќ ја обвинија дека го „дави“ Харис 24 часа

Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ се во врска подолго од две години, но својот приватен живот вешто го кријат.Во тек е снимањето на емисијата „Магазин ин“, кај Сања Маринковиќ, каде популарната пејачка Рада Манојловиќ била гостинка.

Познато е дека Рада својот приватен живот го крие како змија што ги крие нозете, но дека во љубовта со колегата Харис Берковиќ и тоа како ужива, одамна е јасно.

 

„Јас сум пијавица. Ќе застане светот ако јас не сум со него“, се пошегува Рада во емисијата на сметка на своето момче Харис, на што Сања дофрли: „Значи, го ‘давиш’ Харис 24 часа?!“

„Па, дали некогаш си го видела? Го нема. Човекот е врзан за радијатор“, се пошегува Рада.

Емисијата можете да ја погледнете в сабота, на 14 октомври, на телевизија Пинк.

 

Scroll to Top