Раде Шербеџија му се врати на морето поради проблемите со грбот

Актерот Раде Шербеџија открива дека поради големиот број ангажмани, има проблеми со грбот. Шербеџија вели дека дека по многу тој сега се бања во море по препорака на лекарите.

„Морам да пливам во море поради грбот. Навистина ми помага. Тоа не го практикував до пред некој ден, само поради советите кои ги добив од рибарите. 20 години одев на риболов, а искусните рибари ми рекоа дека тие вистинските никогаш не пливаат во море, туку само ловат риба. Јас цврсто се придржував на овој совет и со години не се капев“, се пошегува актерот.

 

Scroll to Top