Актерот Раде Шербеџија на драго срце се сеќава на времињата кога со балканските земји владеел Јосип Броз Тито. Актерот наведува дека имал силни чувствува кон него и дека многу ја сакал Југославија.
„Тито го доживував како владетел, во него не бев заљубен, но го сакав. Ја сакав земјата чиј претседател беше тој, па го сакав и него. Ми беше симпатичен, интересен човек. За грешките на Тито секогаш размислував човечки. Направи толку многу добри дела, па веројатно сите ние му прогледавме низ прсти некоја грешка. Не постои совршен владетел, совршено општество во кое сите сме задоволни и среќни. Се е тоа компликувано. Иако јас ја сакав Југославија и Тито, никогаш не бев државен актер. Во природата на на секој уметник е да биде во која рака дисидент, па и дефетист во однос на нацијата, државата и авторитетите“, вели Шербеџија.
„И тоа е вистина. Уметникот мора да биде провокативен, мора да поставува прашања. Многу мои пријатели биле миленици на власта, членови на партија. Иако никогаш не бев член на Сојузот на комунисти, длабоко во себе бев социјалист, левичар“, вели Шербеџија.