Раде Шербеџија раскажа за апсењето во Америка

Еден од најуспешните актери на Балканот, Раде Шербеџија, за српските медиуми раскажа што се случило пред шест месеци кога бил уапсен во Америка за возење во пијана состојба. Како што тогаш пренесоа американските медиуми, во автомобилот на Шербеџија било пронајдено шише виски.

Актерот негира дека бил пијан затоа што кога му измериле алкохол во крвта се покажало дека има само 0,8 промили, што било во граница на дозволеното. Но, сепак, полицијата утврдила дека не е во состојба да вози.

„Побараа од мене да направам некои глупави потези, кои не можев да ги направам поради болките во грбот. Тогаш заклучија дека таа мала доза алкохол во мене е пресудна и дека не сум во можност да возам. Ме исклучија од сообраќајот, а американските медиуми веднаш објавија, што значи дека сум познат во Америка“, се пошегува Шербеџија и додаде дека не се гледа себеси како боем.

„Никогаш не сум бил боем, само не ги сакам овие официјални и службени работи. Повеќе сакам нешто на своја рака. Повеќе сакам да одам во тивка кафеана отколку во голема. Повеќе сакам да се дружам со непознати луѓе, отколку со познати. Носам стари шешири, стари кошули, но знам да се однесувам и во смокинг“, вели Шербеџија.

Актерот важи за еден од најуспешните глумци на нашите простори кои успеале во Холивуд.

„Во еден момент глумев во филмот The Saint, а тој беше голем хит во светот. И милионер и злосторник и негативец. На сите им се допадна тој лик и добив одлични критики, така што тоа е една од причините што добивам слични улоги“, вели Раде и открива како успеал да остане свој на своето.

„Тоа е една од основните работи. Човек треба да се држи до својот пат и да не се раководи по тоа што други му налагаат. Свесен сум дека како млад човек  ги нервирав луѓето кои размислуваа малку поинаку од мене. Како стареев, тоа го правев сè помалку и на некој начин дозволив луѓето различно да размислуваат за некои работи“, вели Шербеџија.

 

 

 

Scroll to Top