Раскинување на договорот со Гастоз во живо

Во вилата на ријалити шоуто „Парови“, во петокот дојде до преседан кој никогаш досега не е виден на малите екрани. Сите биле во шок, а на некои дури им се слоши.

Поради инцидентот кој Ненад Маринковиќ Гастоз го направи кога се обиде да побегне од шоуто, продукцијата одлучи во живо да му го раскине договорот.

„Одлуката за прекин на договорот за престој во ријалити шоуто „Парови“ – 6 сезона

Дента на 16 февруари 2018 година, со потпис на овој документ се носи следната одлука.

„Доколку учесниците самоволно и на воља на продуцентот, ако ги прекршат правилата, а истовремено да не е исфрлен со изборот на публиката, го губи правото на надокнада и должен е на продуцентот му плати казна во износ од 100.000 евра во динарска противредност, по среден курс на Народната Банка на Србија за евро на денот на исплатата, најдоцна осум дена од пишаниот повик на продуцентот. Учесникот не го губи правото на надокнада, доколку како последица на неговото излегување е болест, која мора да се лечи стационарно, а исто така е утврдена од страна на тим лекари, ангажирани од страна на продуцентот. Доколку нешто од ова не е утврдено, продуцентот поради грубото кршење на точката од договорот, заведена во деловните книги на „Хепи телевизија“, го раскинува секој вид на деловна соработка со учесникот“, пишува во раскинувањето на соработката.

Ова ги шокираше сите натпреварувачи, особено Александра Пожгај, кој скокна во одбрана на Гастоз. Му говорел дека никако не смее да потпише договор, затоа што ги нема тие пари да ги плати на продукцијата. Ненад не го слушал и тврдел дека тој сакал да излезе од шоуто.

Во еден момент Пожгај цецлосно одлепил па скокнал до водителката Бојана Ристивојевиќ, и го земал договорот од раце и го искинал. Подоцна тоа го направи уште еднаш, поради што е казнет со директна номинација од 200 евра и изолација.

 

Целата ситуација ја потресе и Весна Ривас која говорела дека ваквиот начин на игра многу и смета, поради што непрекинато плачела и викала, а на крајот завршила на лекар.

Продукцијата брзо реагирала и на Весна и станало подобро.

После некое време, дошло време Гастоз да донесе одлука.

„Не можам да живеам со тоа, да некој добие отказ поради мене и мојот единствен услов е дека ќе останам во шоуто, без хонорар но, момците да ги вратите на работа. Ве молам, тие момци не го заслужуваат тоа што го добија. Јас на мојата девојка и докажав дека ја сакам, а ако таа тоа не го гледа, не ми е гајле повеќе. Не сакам да се создаде некоја лага за мене, затоа што јас не сум таков. Се што имате кажано за мене стои. Јас сум тука и нема никаков проблем, но само тие момци вратете ги на работа. На мојата девојка и докажав дека таа и нејзината љубов се единствените работи што ми се вредни на овој свет, таа е таа која ќе одлучи што ќе биде со нас. Но, тие момци имаат семејство и не се виновни за ништо од тоа што јас го направив“, изјави Ненад.

Водителката се изјасни дека ќе дојде адвокат со нов договор и дека одлуката за Гастоз ќе се разгледува, па ќе се дознае што ќе биде со него и со момците кои добиле отказ.

 

Одлуката на Гастоз била поддржана од сите натпреварувачи, а некои од нив дури и се расплакале.

 

Scroll to Top