Еден од најпопуларните изведувачи на деведесеттите Ѓоле Џогани и по три децении изгледа одлично и открива како се‘ уште е во топ форма.
Неговата „Идемо на Марс“ им е позната песна на оние кои пораснаа во деведесетите, но и движењата што Џогани ги правеше со тогашната сопруга Слаѓа и неговиот тим играчи и денес изгледа супер.
Џоле откри дека користи добри креми и други производи за нега на кожата. Сепак, такво тело во 63 не е добива преку ноќ.
„Отсекогаш сум работел на моето тело и секогаш сум водел спортски живот. Не знам колку луѓе знаат, но јас бев спортист на Црвена звезда. Уште како тинејџер, на возраст од 16-17 години, бев добро атлетски граден. Подоцна почнав да танцувам. Постојан тренинг, кореографија, тоа влијаеше и на мојот изглед. Морам да кажам и дека вежбав јога. Таа комбинација на физичко и духовно ги носи најдобрите резултати“, рече Џогани.
Во едно интервју тој откри дека отсекогаш вложувал во себе и својот изглед.
„Никогаш не сакав да трошам пари на глупости и секогаш инвестирав во себе и мојот изглед. Денеска одам само два пати неделно во теретана и тоа е доволно за да изгледам вака. Вежбам и танцувам цел живот и моето тело го меморираше сето тоа, па денес не морам многу да работам на моето тело за да изгледам вака. Исто така, важно е да живеам здрав живот, да не пушам, да не пијам. Си легнувам рано. Потребна е одредена жртва за да бидеш убав, тоа е неизбежно“.
А освен тие фактори,и уште една работа која е клучна за добрата форма.
„Редовниот секс, меѓу другото, е важен и за добар изглед, бидејќи тогаш се лачи хормонот допамин, кој е многу важен за кожата. Ова е особено важно во овие години кога веќе можеме да видиме дека старееме. Во ништо не треба да се претерува, не претерувам ни јас, но го имам редовно и тоа ми е многу важно. Сакам само да нагласам дека овој чин треба да биде духовно-физички контакт. Тоа не треба да биде само вежбање на физичка, животинска потреба, туку треба да биде на повисоко ниво“, вели Џогани.