Родителите никогаш не му дошле на концерт, а не може да ја преболи смртта на сестра му

Џорџе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, и пораснал во куќа на улица која се споменува во една од неговите песни „Некои нови клинци“, каде живее до ден денес.

Еден од најтажните моменти во неговиот живот бил кога сестра му починала, за што речиси никогаш не говорел во јавноста.

Сопругата на Оливер ја запознал кога во Нови Сад пристигнала од Зренјанин, со стипендија која ја добила како истакнат спортист, олимписки кандидат и репрезентативец во гимнастика. Била многу сиромашна и живеела со мајка и во тешки услови. За разлика од неа, Балашевиќ живеел во далеку подобри услови. Кога се запознале, веднаш се скарале околу животните принципи, а Олја го освоила кога на плажата му побарала да и ја почува шнолата, затоа што сакала да влезе да се избања.

Еден од тажните период во животот на Балашевиќ бил по раѓањето на ќерката Јована. Имено, Џоле за прв пат ја видел дури по месец дена од раѓањето, затоа што бил во војска и не смеел да ја преминува границата, а Оливера поради епидемијата на менингитис, која тогаш владеела во Нови Сад се породила во Будимпешта.

Имал огромна трема кгоа чекал да се роди Јелена и Алекса, но своите деца ги смета за најубавите работи кои му се случиле во животот. За големите празници, летувања и зимски одмори никогаш не настапувал затоа што сакал да минува време со нив.

Неговите родители никогаш не присуствувале на ниту еден негов концерт, а секогаш тој им чувал две празни места.

 

 

Scroll to Top