Рокерот Милиќ Вукашиновиќ има сепса, влошена му е здравствената состојба

Српскиот рокер Милиќ Вукашиновиќ, кој неодамна итно имаше операција на ногата во Ургентниот центар во Белград, кога му се закануваше дури и ампутација, поради проблеми со дишењето повторно заврши на клиниката, на одделението за општа интензивна нега во Ургентниот центар.

Денеска неговата сопруга Сузана побара помош на социјалната мрежа.

„Има ли некој доктор кој работи на Ургентен (општа интензивна нега) веднаш да ми се јави. Итно е“, напиша таа.

Како што дознава Курир, состојбата на Милиќ се влошува.

Рокер има сепса, додека лекарите даваат се од себе и ја пружаат потребната помош.

Scroll to Top