Розга: Бев разгалена миленичка на татко ми

Хрватската пејачка Јелена Розга е родена во Сплит, каде го минала и поголемиот дел од своето детство. Во интервју за емисијата „Премиера“, таа вели дека како мала била размазена и дека била миленик на татко и.

Розга раскажа дека нејзината мајка била многу строга и дека таа ја имала главната улога во воспитувањето.

„Бев многу немирно дете кое сакаше да танцува. Родителите ме запишаа на школа за балет. Не знаеја каде на друго место да ја насочат мојата енергија. Постојано им скокав на глава. Танцував и пеев пред соседите. Бев многу размазена, бев миленичка на татко ми. Мајка ми беше строга. Јас пак сè си работев по свое. Уште како девојче знаев дека ќе бидам пејачка. Од мала го засакав и балетот и сè помалку се дружев со моите врсници“, вели Розга.

 

 

 

 

Scroll to Top