Сале Тропико се разведува по десет години брак

Пејачот Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико, и пејачката Јована Пајиќ се разведуваат по десет години брак. Веста ја изненади јавноста, а ја потврди Јована за српските медиуми.

„Точно е дека јас и Саша донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на заедничкото одгледување на децата. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите девојчиња барам медиумите да ни ја обезбедат потребната приватност“, рекла Јована за „Блиц“.

Српските медиуми веќе некое време пишуваа дека бракот на фронтменот на „Тропико бенд“ и Јована е во криза.

Сале и Јована се венчаа на 28 ноември 2011 година и имаат две деца. Нивната свадба се прикажуваше во емисијата „Три пати да“ што беше многу популарна во тоа време.

Scroll to Top