Саша и Дејан Матиќ првпат прозбореа за тоа како останале слепи

Српските пејачи, браќа Дејан и Саша Матиќ, во интервју за српски „Телеграф“ првпат прозбореа за тоа како останале слепи. Велат, со години во медиумите се пишувало се и сешто, но дека ништо од тоа не е вистина. Браќата се родени предвреме, на 26 април 1978 година во Дрвар, Босна. Откао се родиле, лекарските прегледи покажале дека со бебињата сè е во ред, па тие биле ставени во инкубатор. Неколку дена потоа, лекарите откриле дека се слепи.

„Никогаш не распрашував чија вина е, но тоа што останавме слепи е лекарски неуспех. Мислам дека се случило од небрежност. Сега, кој… не истражував и не прашував кој е виновен. Дали е некој доктор, дали медицинска сестра, не навлегував во тоа. А дека слепилото е како последица на грешка и негрижа, тоа ни е јасно“, рекол Дејан Матиќ.

Саша, пак, додал дека е лага дека со операција можел да го врати видот, но дека тоа не го сторил заради солидарност со братот Дејан.

„Не, тоа е луда приказна дека сум можел да се оперирам за да прогледам. Тие кои го предлагаа тоа, всушност сакаа да направиме некои експерименти. Ова не го дозволија родителите, а не сакавме ниту ние“, рекол Саша и додал дека е последен пат што тој и Дејан зборуваат на таа тема.

„Не ми се допаѓа она што се зборуваше на оваа тема со години, што таква непријатност не можете ни да замислите! Двете најлоши теми ми се – дали сум во расправија со мојот брат Дејан и што се сличило со нашето слепило. Моите пријатели и луѓето со кои сум во постојан контакт знаат како живеам и знам дека го сакам овој живот најмногу на светот. Дали бев третиран и со кого се лекував е моја приватна работа“, раскажал Саша.

 

Scroll to Top