Саша Ковачевиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп

By

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп, а парите ќе ги донира за лекување на две деца, Мартин Стојаноски и Дејан Најдоски. Веста за концертот тој ја објави и на својата фејсбук-страница. Хуманитарниот концерт на Ковачевиќ е закажан за 30 ноември во спортската сала „Сонце – ГА“ во Прилеп, а влезниците се 200 денари.

Инаку, Мартин е по потекло од струшкото село Дрслајца. Тој во сообраќајна несреќа се здобил со тешки телесни повреди заради што сега е во инвалидска количка, а мора да оди на лекување во Москва, Русија. Дејан, пак, има аутизам и тој треба да замине на лекување со матични клетки на клиника во Турција.

 

 

Ќе ви се допадне