Саша Поповиќ избра нов директор на продукцијата во „Гранд“

Музичарот и продуцент Александар Милиќ- Мили од групата „Милиграм“ е нов директор на продукцијата „Гранд“. Него за оваа позиција го избра Саша Поповиќ. Мили, освен што ќе биде засилување во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во новата сезона, ќе работи и со новите таленти на продукцијата, а кои, според него, ќе имаат потенцијал да станат вистински ѕвезди.

Мили, кој и претходно беше специјален член на жирито на „Гранд“, овојпат ќе води група од 120 нови натпреварувачи кои ќе се борат против старите за да си обезбедат место во новата сезона на шоуто. За сега не е познато дали тој целосно ќе ја замени Снежана Ѓуришиќ која беше член на жирито на „Гранд“ од редовите на продукцијата.

„Почнавме да правиме планови и едвај чекам да тргне проектот. ‘Гранд’ е посветен на музиката и мило ми е што ќе дадам свој придонес. Веќе 20 години продукцијата се занимава со музика со неверојатна посветеност и мило ми е што сум дел од компанијата. Ќе побарам совет од Саша и сите други, тимот е фантастичен. Музиката мора да биде позитивна… Јас ќе го изберам оној кој може да даде многу, а досега не сум згрешил кога ќе видам некој таков“, рекол Мили за српските медиуми.

Scroll to Top