Саша Поповиќ се поднови со јахта од милион евра

Првиот човек на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ пред две недели купил јахта од милион евра, со која вели дека ќе плови низ Јадранот. Јахтата ќе биде закотвена на пристаништето во Опатија, каде Поповиќ има и стан и каде го минува годишниот одмор. Поповиќ веќе некое време бил во потрага по соодветен брод, вели негов близок пријател.

Изворот вели дека неговата сопруга Сузана Јовановиќ, била пресудна за купувањето на новата луксузна јахта. Поповиќ вели дека не го интересирала цената и веднаш знаел од кој бренд да набави. Јахтата Поповиќ ќе може да го користи веќе од наредниот месец, откако ќе ги мине сите неопходни технички проверки.

Оние кои што се навлезени во овој бизнис, велат дека одржувањето на јахтата, ќе го чини Поповиќ секој месец околу десет илјади евра. Внатре намештајот е направен по соодветна мерка, а некои од ѕидовите се работени од специјално дрво. Јахтата има неколку кабини, трпезариски простор, кујна, мини-теретана и простор за сончање.

Вкупната квадратура изнесвува околу 30 метри квадратни, а максималниот капацитет е за 20 лица. Поради капацитетот и големината, јахтата е погодна е за повеќедневно крстарење. Поповиќ ќе мора да одвои и за капетан кој ќе управува со неговата јахта, а кој ќе го чини околу 4000 евра месечно.

Првиот човек на „Гранд“ исто така ќе мора да одвои пари и за дополнително одржување. Станува збор за сума од околу 2000 евра месечно, а ќе мора да плаќа и за местото каде ќе му биде закотвена на пристаништето во Опатија.

 

 

Scroll to Top